Политика за приватност


I Општи податоци и податоци за операторот кој обработува лични податоци

Почитуван потрошувач,

Те замолуваме внимателно да ја прочиташ Политиката за приватност. Во процесот на преземање e-книги на интернет платформата trgo24.com, согласен си со Политиката за приватност и потврдуваш дека си ги прочитал и разбрал условите под кои ги обработуваме твоите лични податоци и со тоа дека ја прифаќаш оваа Политика за приватност.

Друштво за посредување и услуги Trgo24 Увоз-Извоз Дооел Битола, ја почитува и заштитува физичката приватност на секое лице (корисници на платформата, потенцијални корисници, претставници на продавачи или други лица - во натамошниот текст колективно: „Лице или Ти“) чии лични податоци ги собира и обработува (во натамошниот текст: „Лични податоци“).

Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци Trgo24 го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“) .

Бидејќи сме свесни дека приватноста е важна за тебе и со цел да ја заштитиме приватноста на лицето чии лични податоци ги собираме, ја усвоивме и објавивме оваа Политика за приватност, која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за каква цел ние го обработуваме, како го заштитуваме, колку долго ги чуваме и, конечно, кои се твоите права во однос на твоите лични податоци. Во овој поглед, Политиката за приватност ги опишува нашите практики во врска со собирањето на лични податоци, без разлика дали ги собираме директно од тебе, од страна на трети лица, за време на твојата посета на нашата платформа, преку твојата писмена или усна комуникација со нас или од други извори. Во секој случај, доколку имаш прашања или сомнежи, слободно контактирај не во секое време на e-mail: info@trgo24.com.

Ти благодариме за довербата!

II Основни поими и Лични податоци обработени од Trgo24

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;

„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;

„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

„Нарушување на безбедност на личните податоци“ е секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат;

„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице;

Ние не ги собираме твоите лични податоци од посебни категории, освен ако истите не се доброволно достапни или ако тоа од нас се бара со важечките прописи.

„Лични податоци за деца“ се однесува на лица на возраст под 14 години.

Ние не собираме лични податоци од деца. Ние собираме лични податоци на лица над 15 години само заради користење на услугите на информатичкото општество, во согласност со член 12 од Законот за заштита на лични податоци.

III Принципи на обработка на лични податоци

Имај на ум дека, во секое време, при собирање, обработка и складирање на твоите лични податоци, ние постапуваме на следниов начин:

1. Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“),

2. Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели определени во оваа Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од Законот, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“),

3. Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),

4. Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),

5. Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“),

6. Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).

7. Плаќање со платежни картички и смс се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен протокол.

8. Од безбедносни причини вашата IP адреса ќе се евидентира во нашиот систем. Во случај на измама или злоупотреба истата IP адреса ќе биде доставена до надлежните органи. Секако Trgo24 исто така во истражна постапка најтесно соработува со властите.

напоменуваме дека електронските преноси на информации не се целосно безбедни и не можеме да гарантираме целосна заштита и безбедност на истите. Нашата компанија гарантира дека ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на податоците кои ги добиваме.

IV Лични податоци што Trgo24 ги собира и обработува во твое име

Личните податоци што ги собираме, обработуваме и складираме се како што следува:

  • Име и презиме;
  • адреса на живеење/адреса за достава на фактури (улица и број, поштенски број и место);
  • пол;
  • Датум и место на раѓање;
  • Е-mail адреса;
  • број на мобилен/фиксен број;
  • Данoчен број;
  • број на тековна сметка;
  • гласовни снимки кога зборуваш со нашите вработени;
  • Фотокопија на личен документ
  • други лични податоци наведени во Политиката за колачиња достапни на платформата.
  • Локација
  • Податоци на огласот
  • ИП адреса

V Начин на собирање лични податоци

Личните податоци се собираат директно од тебе, како субјект на лични податоци или од други лица.

  1. Директно собирање на лични податоци од Субјектот на лични податоци
  2. Кога ја регистрираш твојата сметка на нашата платформа
  3. Кога преземаш е-книги или се регистрираш на нашата веб-страница.
  4. При пријавување на наш конкурс и испраќање на твојата биографија (CV)
  5. За време на твојата посета на нашата платформа
  6. Кога се пријавуваш за директен маркетинг (по пат на е-mail и/или по пат на телефонски пораки, како што се СМС пораките, пораки на whatsapp, viber и/или се регистрираш преку социјалните мрежи како Facebook и Instagram)
    • Контактирање по телефон, по e-mail пат, во делот „Пиши ни“ или на социјалните мрежи (Facebook/Instagram итн.)

Лични податоци доставени од други лица

Има случаи кога може да ни дадеш лични податоци на трети лица, на пр. за испорака на промотивна понуда за која мислиш дека може да биде интересна за некој што го познаваш, во тој случај ќе сметаме дека ти си овластен од такво лице за такво дејство, односно ќе сметаме дека имаш согласност за такво дејство и во никој случај нема да сносиме одговорност за обработката на Личните податоци на трето лице.

Најави на социјални мрежи

Може да се случи да ги откриеш твоите лични податоци на Facebook или Google, во согласност со условите за користење и политиките за приватност од страна на трети лица, и тие лица да ги пренесат личните податоци во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма на нов оператор. Бидејќи тој пренос е направен од страна на трети лица, во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност, ќе сметаме дека си дал согласност на тие лица да ни ги пренесат личните податоци. Така, ние нема да бидеме одговорни за обработка на личните податоци што ни се пренесени од страна на третите лица (Фејсбук или Google). Понатаму, од моментот кога ќе добиеме податоци од тие лица, ние ќе се сметаме за контролор и ние сме единствено одговорни за понатамошната обработка на Личните податоци.

Личниот податок што ни се пренесува од Facebook и Google, во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност.

Целта за која ги обработуваме наведените лични податоци е да споделиме маркетинг информации за нашата платформа и нашите понуди и да ја регистрираме твоајта сметка на платформата.

Наведените лични податоци ќе се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш согласноста, а доколку не ја отповикаш согласноста, тие ќе бидат избришани по пет години од твоајта последна активност на твојата сметка.

VI Цел на собирање и обработка на лични податоци

Целта на собирањето лични податоци е:

  • извршување на платежни трансакции;
  • почитување на законските обврски на Друштвото/трговецот, односно заради остварување на твоите законски права;
  • регистрација на твојата сметка на нашата платформа;
  • одговарање на твоите прашања или различни барања;
  • подобрување на функционирањето на нашата платформа и нашата услуга;
  • испраќање известувања за директен маркетинг односно специјални и персонализирани понуди, новости, актуелни настани, новости и настани што ги организираме, промоции, програми за лојалност, учество во наградни игри, испраќање роденденски честитки, подароци (ваучер);
  • регистрација на купувачи и продавачи;
  • e-mail и телефонска комуникација со купувачи и продавачи, по регистрацијата;
  • можен работен ангажман и контактирање во врска со можен работен ангажман (вклучувајќи и одржување на пракса);
  • други цели дефинирани во Политиката за колачиња.

VII Правна основа за обработка на лични податоци

Во согласност со принципот на законитост, ние ги обработуваме твоите лични податоци врз основа на различни основи пропишани со закон, како што е следново:

Твојата согласност

Твоите лични податоци добиени врз основа на твојата согласност ќе се обработуваат и чуваат во нашата база на податоци се додека постои твојата согласност, односно додека твојата согласност не биде повлечена. Можеш да ја повлечеш твојата согласност за собирање, обработка и употреба на твоите лични податоци во секое време со отповикување на согласноста на e-mail-от што го доби од нас, што ти овозможува да ја отповикаш твојата согласност (отштиклирај го полето за избор), како и со електронско барање на e-mail: info@trgo24.com.

Имај во предвид дека отповикувањето на согласноста не влијае на дозволеноста на обработка на Личните податоци врз основа на твојата согласност пред отповикувањето.

Извршување на обврски

Друштвото собира лични податоци кои се неопходни за спосредување комуникација помеѓу купувачот и продавачот. 

Исполнување на законските обврски согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи

До степен до кој обработката на твоите лични податоци е неопходна за исполнување на законските обврски на компанијата/трговецот, односно обврските дефинирани со различни закони, основата за обработката на твоите лични податоци е релевантната правна регулатива (на пр. Законот за заштита на потрошувачите).

VIII Обработувачи и трети лица

Ние, исто така, ги откриваме личните податоци на одредени обработувачи, т.е. лица од трети страни: нашите поврзани страни на територијата на Република Северна Македонија, нашите вработени, маркетинг компании, компании за комуникациски услуги или компании за истражување на пазарот или задоволството на клиентите, даватели на ИТ услуги, државни органи. Дополнително, за да овозможиме функционирање на платформата, ангажираме други компании и поединци да извршуваат задачи во наше име и за наша сметка (испраќање пошта и e-mail, отстранување податоци што се повторуваат на списоците на потрошувачи, обезбедување помош за маркетинг, центар за повици, плаќање за купени производи/услуги со картичка и cмc, користење на услугите на давател на платежна услуга (Банка, испорака на ваучери). Наведените трети лица имаат пристап до Личните податоци потребни за извршување на задачи за кои се ангажирани, но не смеат да ги користат за други цели (ако ги користат за други цели, ќе се сметаат за независни контролори).

Друштвото нема да ги стави твоите лични податоци достапни на други обработувачи, односно трети лица, освен во случаите наведени во оваа Политика за приватност.

IX Период на чување на личните податоци

Податоците што Друштвото ги собира врз основа на законот како правен основ, е должно да ги чува онолку долго колку што е определено со конкретен закон или друг позитивен пропис (две години од денот на остварувањето на твоите законски права, т.е. пет години од издавањето на фактурата).

Податоците што ги собира Друштвото врз основа на договорниот однос ќе ги чува се додека си корисник на Trgo24, односно пет години од последната активност на нашата платформа.

Податоците обработени исклучиво врз основа на твоја согласност се чуваат додека согласноста не биде отповикана, односно пет години од твојата последна активност на нашата платформа (податоците од CV-то пет години од датумот на испраќање).

X Права на лица во врска со обработката на лични податоци

Покрај правата веќе споменати во оваа Политика за приватност, како и другите права предвидени со Закон и други прописи во согласност со Законот, Лицето на кое се однесуваат личните податоци има право:

  • Да побара информации дали Trgo24 ги обработува неговите/нејзините лични податоци и да побара пристап до тие податоци
  • да побара исправка, дополнување или бришење на неговите/нејзините Лични податоци и право на приговор на обработката на податоците
  • да поднесе приговор до контролорот
  • правото на преносливост на личните податоци

Во случај да сакаш да ги оствариш твоите права, те замолуваме да испратиш e-mail со барање на е-mail адресата: info@trgo24.com.

XI Постапка во случај на повреда на Личните податоци

Доколку повредата на личните податоци може да предизвика висок ризик за правата и слободите на лицето, ние сме должни, без непотребно одлагање, да го известиме Субјектот на лични податоци за повредата што настанала и се во согласност со Закон.

Во случај на повреда на личните податоци што може да предизвика ризик за правата и слободите на лицето, Друштвото е должно да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци без непотребно одлагање или ако е можно во рок од 72 часа од сознание за повредата по електронски пат на incident@privacy.mk или на https://eprijavi.privacy.mk/.

Известувањето доставено до надлежниот орган ги содржи сите информации согласно Законот и релевантните подзаконски акти.

XII Пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија

Преносот на лични податоци во друга земја или меѓународна организација, без претходно одобрение, може да се изврши доколку се утврди дека таа друга земја/меѓународна организација обезбедува соодветно ниво на заштита, односно соодветни заштитни мерки, на личните податоци согласно чл. 50 од Законот за заштита на личните податоци, или, пак, истата е земја-членка на Европската Унија или Европскиот економски простор.

Правните лица на кои компанијата им пренесува лични податоци користат јавни облак (cloud) сервери лоцирани на територијата на Европската Унија. Овие земји се членки на Европската Унија со што преносот на лични податоци на територија на истите, согласно Законот за заштита, е непречен.

XIII Линкови до веб-страници и услуги на трети страни

Нашата платформа може да содржи линкови до веб-локации на трети страни (Банка, итн.) Имај вo предвид дека ние не сме одговорни за собирање, користење, одржување, споделување или откривање податоци од трети страни. Доколку обезбедиш информации за веб-локации на трети страни и ги користиш тие веб-локации, ќе важат политиките за приватност и условите за користење на тие трети страни. Ти препорачуваме да ги прочиташ политиките за приватност на веб-локациите што ги посетуваш пред да испратиш лични информации.

Со кликнување на нашата спонзорирана реклама на Facebook или Instagram, ја прифаќаш можноста податоците за твојата посета на нашата платформа да бидат обработени од гореспоменатите социјални мрежи доколку имаш сметка на нив. За да ја избегнеш оваа ситуација, те советуваме прво да се одјавиш од твоите кориснички сметки од овие социјални мрежи и дури потоа да кликнеш на врската на нашата платформа за да ја посетиш нашата платформа на една од споменатите социјални мрежи.

XIV Доверливост на личните податоци и транспарентност

Твоите лични податоци ќе се третираат како доверливи информации и Ние ќе преземеме соодветни неопходни мерки за да ги заштитиме во согласност со Законот. Пристап до нив ќе имаат само лица кои, имајќи го предвид описот на работата што ја вршат, треба да се запознаени со твоите лични податоци и само до степенот неопходен за извршување на нивната работа.

Оваа Политика за приватност е достапна на нашата платформа. Доколку одлучиме да ја промениме нашата Политика за приватност, промените ќе бидат објавени и објавени на нашата платформа.

Доколку имаш прашања или барања во врска со обработката на твоите лични податоци, слободно контактирај не 24/7 на e-mail: info@trgo24.com.

Имај во предвид дека за да ти испратиме ваучер (подарок) со промотивен код на твојата e-mail адреса што ќе можеш да ја користиш при купувањето на нашата платформа или мобилна апликација, должни сме да ја доставиме твојата e-mail адреса на нашиот деловен партнер. Во секој случај, нашиот деловен партнер не смее да ги користи твоите лични податоци за други цели (ако се користат за други цели, тие ќе се сметаат за независни контролори).

XV Политика на колачиња (Cookies)

Со цел да ја направиме Trgo24 полесна и подостапна за употреба, ние користиме cookies. Колачиња (Cookies) се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер од страна на веб-серверот. Нашиот веб-сајт користи колачиња (Cookies) за оптимизирање на нашите услуги, за да може системот да функционира правилно и да го подобри користење на платформата. Оваа информација е анонимна и не содржи лични податоци. Trgo24 не собира никакви податоци од овие колачиња. Колачињата се поделени според нивната функција: задолжителни колачиња, за перформанси, за функционалност, за рекламирање и за сесиија.

Скоро сите веб пребарувачи се поставени така да примаат автоматски cookies, но ако не сакате да ги користите,тоа може да го сторите со промена на прилагодувањата на веб пребарувачот на компјутерот или мобилниот уред и истите да ги исклучите или да ги избришете.

Ве молиме имајте во предвид дека ако ги исклучите колачиња нема да може да користите некои од функциите.